еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, велат од Антикорупциска, ама Министерството за правда не ја чува документацијата за да тоа се докаже

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди дека Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, се здобил со право да полага правосуден испит, иако сè уште не бил дипломиран.

Од ДКСК посочуваат дека немаат услови за да го докажат тоа, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.

-Од документацијата со која располагаме можеме да заклучиме дека студиите со кои се стекнал со триста кредити кандидатот ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не ни се совпаѓа потребното време од стекнувањето на триста кредити до можноста да се полага правосуден испит, меѓутоа не можеме тоа да го потврдиме, бидејќи документите во Министерство за правда не се чуваат, затоа што се работи за предмет со постари датуми и не постојат мерки од наша страна што можеме да ги преземеме.

Единствено што можеме да потврдиме е дека лицето Барлет Џафери ги исполнил условите за на Академија оти имал положено правосуден испит, но како се стекнал со правото за правосуден испит не, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Од Министерство за правда велат дека Барлет Џафери има положено правосуден испит во 2015 година.

-Во врска со случајот со Барлет Џафери, кој го водеше Државната комисија за спречување на корупција, Министерството за правда информира дека согласно евиденционата тетратка за положени кандидати што се води во Министерството и е од трајна вредност, Барлет Џафери има положено правосуден испит на 05.02.2015 година.

Потписот за положен правосуден испит, како што е наведено во соопштението од Министерството за правда, го ставил министерот за правда кој ја извршувал функцијата во 2015 година.

–Во врска со наводите на ДКСК за немањето документација за положен правосуден испит на Џафери, Ве информираме дека согласно член 27 од Уредбата за канцелариско и архивско работење (“Службен весник на РМ”,  бр.01/14), министерот за правда секоја година носи листа на документиран материјал со рокови за негово чување за потребите на Министерството за правда, се посочува во соопштението.

Во однос на рокот за чување на документацијата во Министерството за правда, досегашната пракса била документите на кандидатите односно барањата и другата пропратна документација на кандидатите за полагање правосуден испит да се чуваат една година.

Со цел надминување на евентуалните можни злоупотреби околу полагањето на правосудниот испит, Министерството за правда, како што е наведено во соопштението, ја разгледа можноста за електронско пријавување на правосудниот испит преку Националниот портал Е-услуги. На тој начин кандидатите ќе ги поднесуваат своите документи по електронски пат, велат од Министерството.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов македонски рекорд во скок во далечина за Андреас Трајковски

Редакција

(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки

Редакција

Новинарот Љупчо Златев обвинет за одавање службена тајна

Редакција