еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нереално е во Бугарија да живеат само 1.143 Македонци, немаа слобода да се изјаснуваат, вели претседателот на ОМО Илинден, Стојков

Претседателот на ОМО Илинден, Стојко Стојков за телевизијата Алфа вели дека е нереално во Бугарија да живеат само 1.143 Македонци колку што покажа тамошниот последен попис.

-Немаа слобода да се изјаснуваат, немаше табела за македонска националност, а информациите говорат дека попишувачите одбивале или тврделе дека нема како да ги попишат тие што се чуствуваат Македонци, вели Стојков.

Без да го заборавиме стравот поради силната антимакедонска атмосфера во Бугарија, потенцира Стојков, властите не успеаа во своите намери да покажат дека Македонци не живеат тука.

Тој е дециден дека оваа бројка од 1.143 Македонци се само оние кои се попишале онлајн.

-Пописот беше во време на ковид и тоа беше искористено луѓето да не ги посетуваат дома и да не ги прашуваат како што е нормално, туку им земаа на телефон лични податоци и потоа попушувачите сами си ги пополнуваа картоните со тие податоци. Во таква ситуација очигледно немале можност да се изјаснат како што сакаат.

Имаше ретки случаи каде што луѓето беа посетувани, ние имаме информации за време на популнувањето не ги ни прашувале како што се изјаснуваат. Луѓето сами требале да го подигнуваат прашањето за јазикот и националноста, и тогаш ги прашувале ама нели сте Бугари, ама нема Македонци не знаеме каде да ве ставиме..

Но и да некои наши луѓе се попишале, нема начин како да се провери, бидејќи има можност попишувачот дома да ги промени податоците. Овие 1.143 Макецонци сигурно се попишале онлајн. Другиот дел исплашени, огромниот дел воопшто не биле прашувани, вели Стојков.

Стојков вели дека во Бугарија има десетици илјади кои се чуствуваат како Македонци, но така би се изјасниле кога би имале поголема слобода и би немале страв што веќе 60 години е насадуван кај нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И пописот во Бугарија покажа дека таму живеат Македонци

Чие сценарио се спроведува со нападот на бугарскиот клуб во Охрид?

Фото: Стојков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени продолжува да расте: 54 нови случаи на Ковид-19 од 3.764 тестирања

Редакција

12 чешки полицајци од граничната полиција во Гевгелија позитивни на Ковид-19

Редакција

Заев, Димитров и Дескоска на средба со новата пратеничка група за уставните амандмани

Редакција