еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најчевска: Не ја сведувајте корупцијата на бомбоњери за медицински сестри и болничари или цвеќе за 8 Март за учителката

На вчерашниот Меѓународен ден на борба против корупцијата, за истата во Македонија на Фејсбук се осврна и професорката Мирјана Најчевска.

“Ве молам немој да ја сведувате корупцијата на подмитување на шалтерски работници, бомбоњери за медицински сестри и болничари, или цвеќе за 8 Март за учителката.

Борбата со корупцијата пред се значи борба со корумпираните највисоки функционери во власта кои делат тендери, вработуваат, развиваат сопствени бизниси, работат против интересите на граѓаните и на државата.

Корумпираните градоначалници кои ги уништуваат општините, развиваат сопствени бизниси, вработуваат, делат маркици, ја уништуваат животната средина, ги задолжуваат до бесвест општините.

Корумпираните јавни обвинители и судии (на сите нивоа и од сите видови) кои го штитат криминалот.

Членовите на заштитните механизми (изборна комисија, Уставен суд, народен правобранител, комисија за спречување на корупција, комисија за заштита од дискриминација) кои наместо да ги штитат граѓаните ги штитат властодржците.

Членовите на управните и надзорни одбори, регулаторни тела, независни владините тела, кои или немаат никаква улога или имаат улога на заштитници на банките и големите бизниси.

Ректорите на универзитетите кои го корумпираат целокупното високо образование.

Ве молам, немојте да почнете од Перса чистачката.

Не е Перса таа која ја претвора државата во коруптивен рај.

Таа е последната жртва која е ставена на отстрел за да може да се извлече мафијата.

И не. Не верувам дека било кој од надвор може да се справи со корупцијата се додека внатре не се создаде потребна минимална маса на луѓе кои се спремни да се фатат во костец со повеќеглавата аждаја“, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија да учи од примерот на Бугарија, која не влезе во Шенген зоната поради корупција

Советникот на Стејт департмент, Дерек Шоле доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата

Корупцијата во Македонија се влошува, а не се подобрува, вели британскиот амбасадор

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 644 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

(Фото) Режисерите на „Медена земја“ на пред-оскаровски панел со Алмодовар и авторите на филмовите за „најдобар интернационален филм“

Редакција

Засега нема рестрикции, за викенд ќе се знае дали и какви мерки ќе се преземат

Редакција