еМагазин
Image default
Македонија

Постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, тврди Груби

Постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

– Ние ги поднесовме одговорите кон сите прашања што ги има поднесено Бугарија во најконструктивна можна форма и чекаме новите власти, претседателот Радев, новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин.

Да постигнеме зделка која ќе ни ја отвори вратата кон ЕУ, рече Груби денеска, одговарајќи на новинарско прашање.

-Да, има вистина дека има француска иницијатива, за да седнат на маса, за да се надминат сите разлики на начин што наредните месеци на 2022 година, на пролет, да се одржи првата меѓувладина конференција, рече Груби.

Тој додаде и дека апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за отпочнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година.

– Ние работиме, одговорите на нивните барања се веќе испратени и може да се разговара по однос на тие одговори со новата Влада во соседна Бугарија и се надевам дека конструктивно ќе пристапиме и ќе ги решиме сите отворени прашања затоа што очекуваме конструктивен пристап и од нашите бугарски колеги, рече Груби.

Прашан како ја толкува вчерашната порака од Бугарија дека нема да се промени нивниот став, Груби повтори дека се надеваат на конструктивен пристап од бугарска страна.

– Имаме нова влада која треба да се избере. Ќе комуницираме со новата влада, која е резултат од изборите коишто само што завршија во соседна Бугарија и се надеваме на тој конструктивен пристап затоа што кај нас има лодготвеност за компромис којшто е достоинствен и за нашата земја посебно за моите сограѓани Македонци, заклучи Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ветото останува, Бугарија сака да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон ЕУ

За над 70% од Бугарите поважно е решавање на односите Скопје-Софија од зачленувањето на Македонија во ЕУ

Левица бара прекин на преговорите со Бугарија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Суспендирани двајца затворски полицијаци од Штип, на кои им побегнал затвореник

Редакција

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

Редакција

Боки 13 имал дупка во желудник, ако не бил опериран ќе настанела сепса, вели неговиот адвокат

Редакција