еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

Еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година.

Како најлош момент во работата на Вархеји, „Политико“ ја наведува токму блокадата на Бугарија кон земјава, поради билатералниот спор за јазикот и идентитетот.

-Блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија, поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава.

Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП (Европската народна парија) не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов, пишува „Политико“.

Вархеји исто така е критикуван дека повеќе е наклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина, додава „Политико“.

Според анализата на „Политико“, сепак, клучен играч за остранување на блокадата меѓу Бугарија и Северна Македонија е германското претседателство, а не Вархеји.

-Се додека тоа не се случи, поголем дел од неговата работа е практично замрзната, пишува „Политико“ во анализата на работата на еврокомесарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еврокомесарот за проширување, Вархеји: Македонија да и излезе во пресрет на Бугарија

Договор за добрососедство со Бугарија или завршница на Балканските војни

Замислете, во Бугарија “нема говор на омраза“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се продава шума и градежно земјиште на Мијалков за над 2 милиони евра

Редакција

Анима Мунди: Екстремитети, црева, глави, утроби расфрлани на улица во Визбегово!

Редакција

Постојат шанси за влез на Алијансата за Албанците во Владата, потврди Ковачевски

Редакција