еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Договор за добрососедство со Бугарија или завршница на Балканските војни

„Да не дозволиме историјата да ни го попречи напредокот кон иднината„.

Оваа празна флоскула често ја слушаме во јавноста од нашите политичари, во обид да се најде оправдување за ескалацијата на односите помеѓу Бугарија и Македонија и недвосмислените напади од високите бугарски политичари во изминатиот период.

Немоќта достоинствено да се поставиме како држава и како народ пред крајно небулозните и помалку тенденциозни барања, кои се спротивни на сите меѓународни конвенции, домашниот естаблишмент се обиде да го амортизира со спин или извртување на историјата.

Спинот имаше за цел да се наметне вина на македонската јавност дека има нетрпение кон Бугарија иако цел бугарски народ не бил фашистички за време на Втората светска војна?! Интересен обид ама самоуништувачки, оти тоа никој не го ни тврдеше, а доведе до наше дополнително понижување.

Ова само требаше да послужи како оправдување на понижувачките изјави на нашите политичари тотално без концепт и без никаков исход во овој спор кој се исправи пред нас.

Не треба да си експерт за да се констатира дека односите помеѓу двете земји беа подобри пред Договорот за добрососедство. Што е и логично, оти за добар однос не ти треба посебен договор, туку добра волја и однесување согласно меѓународната пракса. Но, ние сме земји на Балканот. И пак некој ќе рече – ама дајте да гледаме напред, историјата да ја оставиме на науката.

Епа тука е проблемот! Нашите соседи не сакаат да ја остават историјата на науката, ниту пак да ја оставиме зад нас, која и досега пред Договорот за добрососедство се темелеше на ФАКТИ и научни вистини. Оттука членот 8 став 2 од овој Договор е шамар за нашата наука, оти дефинира дека сега некаква комисија ќе утврдува историја на факти?! А досега како се утврдуваше историјата? Па нормално научно и со факти. И пак се враќаме на тезата на нашите политичари која сама по себе е плитка –  „Да ја оставиме историјата и да гледаме напред“.

Вие драги политичари не ја оставате, со прифаќање на неприфатливи работи. Историјата не ја оставаат ниту бугарските политичари оти сега е момент да ја остварат својата 100 годишна аспирација, од време на Балканските војни, тоа што не можеле да го направат ниту со најсилната пропаганда во минатото. Да го остварат својот мит и експанзионистички аспирации на Македонија.

Поставување за национален координатор на поранешниот премиер Владо Бучковски, кој е контроверзен заради судските пресуди против него дополнително загрижуваат. Тоа само ги прави нашите позиции кревки.

А искусни дипломати и сериозна држава не би полемизирала околу историјата, особено не околу заедничка историја и би амортизирала најискусни кадри за да го одбрани своето.

Би се повикале на членови од Договорот за добрососедство и принципите на Повелбата на Обединетите нации и документите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и демократските принципи содржани во актите на Советот на Европа на кој почива тој.

Или на член 11 од Договорот кој вели: „Ниту една од Договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер„.

Достоинството на еден народ се брани храбро и без компромиси. Ако посилните не присилат нека се знае дека ние не се согласивме на тоа и не се откажавме од македонската историја и македонскиот јазик.

Зошто ЕУ го толерира ова е друга тема, ама тука големиот Горан Стефановски јасно кажал – „И се прди на Европа за вас“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Замислете, во Бугарија “нема говор на омраза“

Бучковски на „тапет“ на Твитер откако Владата го назначи за специјален преставник за Бугарија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспекторот Волканоски го сподели своето искуство со Ковид-19: “Вирусот се искраде“

Редакција

Ќе се отворат само угостителските објекти што имаат тераси и ќе работат до 20 часот

Редакција

(Видео) По шест години пауза, Јана Бурческа објави нова песна

Редакција