еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Русковска суспендирана поради претресот кај Арафат Муареми

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за МИА потврди дека е суспендирана од функцијата.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што претходно денеска информираа од Јавното обвинителство, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донел Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него.

Републичкиот јавен обвинител, се вели во соопштението од ЈОРМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

– Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на РС Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арафат Муареми се повлече од функцијата директорот на Управата за финансиска полиција

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ донира 16.500 литри млазно гориво и 8.000 литри дизел за екипите што гаснат пожари

Редакција

Владата ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја

Редакција

Русковска: Обезбедените видеа и аудио снимки се само за двајцата осомничени во „Рекет“, оставката на Катица во лош тајминг

Редакција