еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е полицискиот службеник кој даде подршка за нападот на Хамас на Израел, а МВР покрена дисциплинска за него

За Аднан Синани, началник во Одделот обезбедување во Министерството за внатрешни работи (МВР) и лице кое работи како лично обезбедување на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, МВР покрена дисциплинска постапка и најави соодветни санкции, откако тој на Фејсбук даде подршка за нападите на милитантите на Хамас на Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски службеник со подршка за нападите на Хамас врз Израел, МВР покрена дисциплинска постапка

Неговата работа, како што објасни поранешниот министер за внатрешни работи од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, вклучува ВИП обезбедување, учество во домашни и странски делегации и присуство на меѓународни настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Хамас, која го нападна Израел

Но, освен што го подржува Хамас, на неговиот профил, кој повеќе неможе да се најде има и говор на омраза. Па така во еден пост како што гледа на фотографијата ги навредува граѓаните кои го симпатизираат српскиот претседател, Александар Вучиќ, а регирал и на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, кој порача дека Албанија дава подршка на Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Појасот Газа е срамнет со земја по нападот на Израел

(Вознемирувачки видеа) Шокатни снимки од киднапирани Израелци од страна на Хамас

(Вознемирувачки видеа) Хамас уби над 260 млади на транс фестивал

Фото: Чулев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија одамна ги исполни условите за пристапување во ЕУ, порача германскиот министер за надворешни работи, Мас

Редакција

Чаир руши рекорди, само Штип има повеќе активни случаи на корона вирусот

Редакција

Русија прва во светот: За 2 недели планира да одобри за употреба вакцина за коронавирусот

Редакција