еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полициски службеник со подршка за нападите на Хамас врз Израел, МВР покрена дисциплинска постапка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел, информираа денеска од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Хамас, која го нападна Израел

Против него, најавија од МВР, ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции.

– Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир, соопштија од МВР.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за Аднан Синани, началник во Одделот обезбедување во Министерството за внатрешни работи и лице кое работи како лично обезбедување на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, работа која вклучува ВИП обезбедување, учество во домашни и странски делегации и присуство на меѓународни настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Шокатни снимки од киднапирани Израелци од страна на Хамас

(Вознемирувачки видеа) Хамас уби над 260 млади на транс фестивал во Израел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела од Ковид-19 починале пет лица

Редакција

Судењето за „Титаник“ продолжува на 17 февруари: Контроверзни сведоштва на гласачите со албанско државјанство

Редакција

Градоначалникот на грчката општина Преспа најави отворање на граничниот премин Ники (Меџитлија)

Редакција