еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

На чаура пронајдена ДНК од мајката: Обвинение за родителите на Коста Кецмановиќ кој изврши масовно убиство во училиште во Белград

Вишото јавно обвинителство во Белград покрена обвинение против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на малолетниот Коста Кецмановиќ (14) кој на 3 мај изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, јавува N1.

Главниот  обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ на прес-конференција соопшти дека повеќе од пет месеци истрага, било поднесено обвиниение на 267 страници.

„Сакам јавноста да знае дека спроведовме обемна истрага во врска со околностите под кои, дете од 13 години кое не може да одговара кривично, го изврши најтешкото злосторство во историјата на оваа држава,“ изјавил Стефановиќ додавајќи дека таткото е обвинет за тешко дело против општата безбедност.

Тој наведе дека Владимир во периодот од една година пред убиството го обучувал својот 13-годишен син да ракува со оружје, да погодува мети, да ја полни рамката, како да стои, и како да дише при употребата на огненото оружје.

Таткото на детето се товари и дека не ги обезбедил, со закон препишаните услови, за чување на оружјето и муницијата. Наместо во метален сеф со клуч, оружјето го чувал во два пластични куфери кои служат за пренесување, а не за чување на оружје.

Обвинет е бидејќи на детето му овозможил да дојде до двата пиштола, за кои, го обучувал во стрелачки клуб.

Коста, во контакт со оружјето дошол на 1. мај, наполнил шест рамки со вкупно 92 куршуми, ги земал, а потоа на 3. мај ги ставил во својот ранец ги понел со себе на училиште.

Влегувајќи во приземјето на училиштето, најпрво пукал во обезбедувањето, потоа во две ученички кои седеле на масата за дежурство, и една ученичка која седела на клавир.

Потоа се упатил во кабинетот по историја, каде што биле присутни наставничката, еден студент по историја на пракса и 23 малолетни ученици од одделението 7-2 во кое и самиот учел.

На чаура во кабинетот, била пронајдена и ДНК од мајката на Коста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од српско МВР: Ученикот подолго време го планирал нападот, имал список на деца за убивање

Притвор од 30 дена за таткото на момчето кое уби осум ученици во училиште и чувар

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривични за битолски Водовод и директорот за бесправно градење

Редакција

Каков имот пријавила поранешната обвинителка, Лиле Стефанова, која ќе ги застапува „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“

Редакција

ТЕЦ „Неготино” поради ремонт нема да произведува струја 70 дена

Редакција