еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривични за битолски Водовод и директорот за бесправно градење

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола и против П.М.(39) од Битола, в.д. директор на претпријатието, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, казниво по член 244 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, второпријавениот, во текот на април и мај 2022 година, без да изготви соодветна документација и проект и без одобрение за градба, дозволил изградба на подземна инсталација на место каде претходно не постоела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има веројатност за ширење на епидемијата: За една недела регистрирани 121 заболен од морбили

Редакција

„Кокра е арт-1“ од село Порој го доби тендерот на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на јачмен вреден 421.000 евра

Редакција

„Охрид SOS“: Се замајува јавноста дека институциите активно работат на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО

Редакција