еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Титаник“ продолжува на 17 февруари: Контроверзни сведоштва на гласачите со албанско државјанство

Жителите од Ресен, со албанско државјанство организирано патувале за Тирана, за да го остварат своето избирачко право. Ова денеска во случајот „Титаник“, го изјави сведокот Алкета Шумкаровска, (од 1995 живее во Македонија) која воедно посочи дека не се сеќава точно кога била во Тирана за да гласа.

„Имаше налепници по боровите во село каде живеевме со содржина да се гласа и времето кога треба да се тргне. Решив да одам и да гласам по моја желба. Патувавме со автобус. Не се сеќавам дали платив за превозот. Имаше и други луѓе кој одеа за гласење“, изјави сведокот Шумкаровска.

На овој одговор реагираше одбраната на обвинетите кои истакнаа дека судот треба да го има предвид изјавеното, дека сведокот не наведе дека патувала за Тирана, за да го оствари своето избирачко право за избори во Македонија.

Со денешните сведоци Обвинтелството премина на докажување како биле злоупотребени изборните процеси во 2013 и 2014 година кога и се гласало за локални избори и за пратеници и претседател на државата.

Теоријата на Обвинителството е дека сведоците во 2013 година биле ставени во списоците за гласање на кандидатите за градоналнци на локалните избори во Македонија, односно истите во 2014 година се вратени во списоците за гласање на дијаспората за парламентарни и претседателски избори во Македонија.

Целата ова операција според Обвинителството е остварена со поднесување на барања до Државната изборна комисија (ДИК), за остварување на избирачкото правото на друго избирачко место. Но, како што утврдило Обвинителството откако ДИК ги отфрлил овие барања до Управниот суд се поднесени тужби кои биле уважени.

Адвокатот Александар Михајловски сведочеше дека поднесувал тужби до Управниот суд за лицата од Пустец, откако ДИК пред предвремените парламентарни избори и претседателски избори во 2014 година, одбила да ги врати тие лица на избирачкиот список на дијаспората во Тирана.

„Тие избори како што се сеќавам, бевме ангажирани и за други тужби. Немам сознанија како биле прибавени личните податоци на граѓаните за кои поднесував тужби“, одговараше адвокатот Михајловски, на прашања на обвинителката Лиле Стефанова.

Адвокатот Михајловски кажа дека од кол-центар му се јавувале од ВМРО-ДПМНЕ кога партијата имала потреба од негов ангажман.

Следното рочиште за „Титаник” е закажено за 17 февруари.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државјани на Албанија, кои се здобиле и со македонско државјанство сведочеа во случајот „Титаник“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство: Непочитување на полициски час носи кривично-правна одговорност

Редакција

Драстичен раст: 95 здравствени работници заболени од коронавирусот во Македонија

Редакција

Заев во одбрана на Рашковски: Пред фактите и Боговите молчат

Редакција