еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Драстичен раст: 95 здравствени работници заболени од коронавирусот во Македонија

Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 95 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно со податоци до 9.април.

До 8. април овој број изнесуваше 82, до 7. април бројката беше 72, до 6. април 69, до 5. април, 63, а до 3. април 57.

Познато е дека позитивни на коронавирусот се/беа здравствени работници од болници во Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.

Заболени здравствени работници има/имаше од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумулативната инциденца во Куманово над 110, расте и во Скопје, Прилеп и Струга

Детален преглед: 32 починати од коронавирусот во Македонија, најмногу во Куманово

Сите детали: Над 60 години најголем дел од новозаболените од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен Јанко Бачев

Редакција

Ковачевски објасни зошто МРТВ не се емитува во Бугарија

Редакција

(Видео) Македонските војници помогнаа во спасувањето на петгодишниот Сулејман од рушевините од земјотресот во Турција

Редакција