еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот амбасадор оптимист дека наскоро ќе се одблокираат македонско-бугарските преговори

Бугарскиот амабасадор во земјава, Ангел Ангелов е оптимист дека наскоро ќе бидат одблокирани преговорите меѓу Скопје и Софија и смета дека двете држави треба да продолжат да работат во тој правец.

„Јас сум оптимист и треба да продолжиме да работиме во насока за која што говори и специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија, Владо Бучковски, со мали чекори да ја вратиме довербата, а кога ќе ја вратиме довербата, ќе ја најдеме и формулата по која ќе одиме напред.

Со малите чекори, еве ќе повторам уште еднаш. Со господинот Бучковски работиме многу блиску. Знаете дека тој неколку пати беше во Бугарија, оствари средба со министерката Екатерина Захариева и се обидуваме со мали чекори да одиме напред за да си ја вратиме довербата. Кога ќе ја вратиме довербата, ќе има напредок“, изјави Ангелов.

Амбасадорот посочи дека сигналите кои ги дава бугарската Влада е да се намалат емоциите од двете страни и, какошто рече, двете земји да влезат во еден прагматичен дијалог, кој ќе го анулира и говорот на омраза.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 декември само биоразградливи ќеси кои ќе чинат 15 денари

Редакција

Путин: Санкциите на Западот против Русија и Крим, иако создаваат бројни проблеми, отвораат и нови можности

Редакција

Бензините поскапуваат до денар, а дизелот за 1,5 денари

Редакција