еМагазин
Image default
Македонија

Заев во одбрана на Рашковски: Пред фактите и Боговите молчат

Премиерот Зоран Заев на прашање, во интервју за „Фокус“ истакнувајќи дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски не ја злоупотребил функцијата, оцени дека Рашковски не е виновен во моментов, туку ќе биде виновен доколку се исполни и докаже сомнежот за злоупотреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството отвори истрага за нови кривични дела за случајот со Драги Рашковски

Рашковски во затворот во Шутка изолиран од Мијалков и Камчев

„И денес тврдам дека не ја злоупотребил функцијата и има спроведено кристално чисти јавни набавки. Останувам на ставот дека Владата може да нарачува софтвер без да праша никого, а на министерството е дали ќе го користи“, вели Заев и се согласува дека неговото мислење не го обврзува Судот.

„Така е, како што јас не мора да се согласам со обвинителката Русковска и со она што таа го тврди. Сум имал спротивни ставови и околу притворите за Миле Јанакиески и за Гордана Јанкулоска, кога кажав дека притворот не смее да биде казна, туку само обезбедување на присуство. Секој  што се огрешил од законот, треба да одговара.

Но, што е различно со оваа власт? Законот важи за сите и никој не е заштитен или изземен од законот, без оглед дали станува збор за бившиот генерален секретар на Владата, што важи за еден од моите најблиски соработници. Тоа порано не можеше ниту на сон да се замисли“, додава премиерот Заев.

На прашањето дека сепак на крајот последниот збор го имаат Обвинителството и Судот, премиерот Заев посочува: „Пред фактите и Боговите молчат, ако победи аргументацијата на Обвинителството и на Судот, јас можам да не се согласувам, но ќе морам да се поклонам и да ја испочитувам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска комисија отвора предмети за „скалите на Шилегов“, претседателката на Судскиот совет и ја проширува истрагата за Рашковски

Рашковски склучил и други набавки во сомнителни постапки

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави Рашковски, вели оти не си го барал пасошот

Редакција

Додека тече истрагата во Обвинителството за Клиниката „Жан Митрев“, неколку пациенти дадоа поддршка со лични искуства

Редакција

Русковска најави обвинение за “Рекет 2“ во јануари

Редакција