еМагазин
Image default
Забава

(ВИДЕО) Winner – нов сингл на Brass Brothers

По одличниот прием на првиот сингл Inseparable, македонската музичка атракција Brass Brothers на пошироката публика и го претстави вториот сингл од албумот Balkan Mayhem со име Winner.

Winner е нумера која ја носи карактеристичната енергија на Brass Brothers и ќе не потсети на старото “нормално време“ и живите настапи на бендот. Енергична, весела, со динамична ритмика, вокални хармонии, спој на ska, jungle, dnb и reggae стилови, оплеменета со специфичниот егзотичен глас на Z Dimention, Winner ќе ве натера да посакате да заиграте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) “Inseparable” – Најава за првиот авторски албум на Brass Brothers

Соработката со еден од најдобрите Reggae и Dance Hall изведувачи од Кингстон, Јамајка, Z Dimention (Dwain Williams) на Winner и дава посебна егзотика и ќе овозможи нивната моќна порака: дека љубовта и позитивната енергија прават сите да сме победници, да биде слушната и споделена и на големите светски сцени.

Музиката на Winner е на фронтменот на Brass Brothers, Горан Мицевски Кус, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски – Todd Haze, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус.

Winner е достапна за слободно преслушување на сите дигитални платформи и може да се купи на сите дигитални музички продавници.

Brass Brothers со Inseparable и Winner, слој по слој ни ја откриваат приказната зад нивниот прв авторски албум Balkan Mayhem, кој ќе донесе нов и необичен звук на македонската музичка сцена, а и пошироко. Тие се првиот музички бенд кој DnB звукот го збогатуваат и комбинираат со Brass секција.

Balkan Mayhem е енергичен, моќен, оригинален и креативен албум, полн со живот. Како и самиот бенд и албумот е со уникатен звук и апсолутно позитивна енергија и порака.

Brass Brothers е формиран пред 8 години и во него членуваат Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Николче Михајловски (Dj) и Ник де Карло (туба).

Brass Brothers функционираат како кавер бенд препознатлив по динамичните живи настапи и зад себе ги имаат авторските нумери “Време Невреме“ на македонски јазик и “Inseparable“ на англиски јазик.

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува „Крај Вардарот Џез“: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи

Редакција

(ВИДЕО) Танцот на сексуалните работнички од излозите на Универзална сала го „стоплија“ Скопје

Редакција

(Фото) Марјана Станојковска го покажа прекрасното тело играјќи си „криенка“ со фановите

Редакција