еМагазин
Image default
Забава

(ВИДЕО) Танцот на сексуалните работнички од излозите на Универзална сала го „стоплија“ Скопје

Здружението за поддршка на маргинализирани работници „Стар Стар“ синоќа во Скопје организираше тричасовен уметнички перформанс со пет сексуални работнички.

Уметничкиот перформанс на излозите на Универзална сала за момент на Скопјани им го доближи шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и времето кога Скопје живеело боемски живот и се будело со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички.

Перформансот беше организиран во рамки на второто издание на „Skopje Red Light District 2020“ и Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници.

-Сексуалната работа во нашето општество е заградена со непробоен ѕид од предрасуди. (И)легалниот статус, потешкиот пристап до здравствените услуги, големата изложеност на насилство и етикетирањето се причината да ги губиме основните човекови права.

Секојдневно сме изложени на насилство не само од своите клиенти, туку и од органите на безбедноста што би требало да не заштитат, соопштија организаторите, наведувајќи дека голем дел од проблемите со кои се соочуваат сексуалните работници се должат на криминализацијата, рестриктивните закони, регулативи и практики, порачаа организаторите на перформансот.

Видео: Стар Стар/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Директорот на фотографија за „Медена земја“, Фејми Даут снима документарец во Вухан, од каде се почна

Редакција

(Фото) Елена Ристеска ја покажа нејзината природна убавина

Редакција

Во четврток во Скопје започнува фестивалот „Summerland” 2019

Редакција