еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска комисија отвора предмети за „скалите на Шилегов“, претседателката на Судскиот совет и ја проширува истрагата за Рашковски

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) има отворен предмет за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за набавката на противпожарната скала и по него ќе се работи како и со сите предмети, но е неблагодарно е тој сам за себе да поднесува пријава со сомнежи за корупција, бидејќи тоа малку не соодвествува со одредбите во нашиот закон, информира на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со актуелните „скали на Шилегов“.

– ДКСК е независен државен орган и е неблагодарно да се вршат препукувања, со цел да се обезбедат одредени политички поени, затоа што во пресрет на локалните избори не сакаме да се доведиме во ситуација преку нас да се книжат одредени политички поени, рече Ивановска.

Прашана дали е отворен предмет за претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, Ивановска потврди дека и за овој случај ДКСК отворила предмет и се доставени барања за обезбедување документација, а процесот е во тек.

– Мора најпрво да се обратиме до претседателката да ни каже кои се членови на нејзиното семејство за да можат сите тие да бидат опфатени. Во анкетниот лист што таа го има доставено, нема матичен број на нејзиниот сопруг. Сега мора да чекаме матични броеви, тие броеви да се потврдат од МВР и понатаму да си одат постапките по ред, изјави Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во анкетниот лист на Црвенковска, претседателката на Судскиот совет го нема кредитот на нејзниот сопруг

Катица Николовска, член на Комисијата по барање на новинарите да одговори до каде е предметот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, информира дека имале средба со обвинителот што го води тој предмет во Јавното обвинителство и се договориле се што ДКСК имаат обезбедено како документација да се достави до нив, а тие ќе продолжат со случајот.

– Нашите наоди ги проширивме и на други јавни набавки, а не само на набавката за софтверското решение. Набавките поврзани со самиот предмет, камери, сталци, подвижни кабини, има повеќе јавни набавки со што износот на средствата потрошени за тие договори е голем. Мислам дека стануваше збор за некаде околу 18 милиони денари, изјави Николовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска комисија од Народна банка добила документ за вратениот аванс за кинеските вакцини

Најмногу пријави до Антикорупциска комисија за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за два, а дизелот за три денари за литар

Редакција

Од Владата велат дека државата нема да плаќа пенали на Бехтел и Енка, туку дополнителни трошоци за изградба ако не се зголеми работната недела

Редакција

Топ пет највисоки нето плати во јуни

Редакција