еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска комисија од Народна банка добила документ за вратениот аванс за кинеските вакцини

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е при крај со предметот за набавката на вакцините за Ковид-19 и има информации што не се се уште целосни. Како што информираше на денешната прес-конференција Горан Трпеноски, член на Комисијата, целата ситуација е комплексна и треба да се размисли со ладни глави и имајќи ја предвид поларизацијата во државата, не сакаат како институција да се стават во корист на кој било од политичките чинители.

Одговарајќи на новинарско прашање тој информира дека Антикорупциска добила од Народна банка документ за извршена исплата на седум милиони и 800 илјади долари за увоз на стока односно Министерството за здравство има исплатено на 15 февруари, а Народна банка го има реализирано во корист на „Стабри Интернешенел“ од Хонг Конг.

Од Министерството за здравство известиле дека немаат исплатено аванс на правно лице за купување кинески вакцини, туку на почетокот на оваа година има извршено уплата на средства на име гаранција со цел да се изврши резервација на 200 илјади дози вакцини од производителот „Синофарм“ од Кина, врз основа на заклучоци од затворена владина седница одржана на 5.февруари.

– Владата во кородинација со владата на Кина, преку Кинеската амбасада во Македонија, по разговорите одлучила да ги прекине започнатите активности и ги побарала назад уплатените средства, што било реализирано со враќање на средствата.

Владата за операционализирање на својата одлука на 16 март го задолжила Министерство за здравство да ги прекине сите активности за реализација по заклучоците од 8. седница односно парите што биле префрлени на „Стабри“ се вратени назад и нема извршено никаква исплата.

Владата потоа склучила договор директно со производителот „Синофарм““, појаснуваше Трпеноски.

Тој додаде оти не може да изнесува други детали, бидејќи производителите во документите што ги има добиено ДКСК, е ставена клаузулата за тајност, по нивно барање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу пријави до Антикорупциска комисија за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

Антикорупциска комисија отвора предмети за „скалите на Шилегов“, претседателката на Судскиот совет и ја проширува истрагата за Рашковски

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојановски ќе ја тужи Сотирова – Бухова, ако јавно не соопшти дека неговиот тест е погрешен

Редакција

Пендаровски: Направивме попис со сите нишани, според највисоките стандарди на ЕУ

Редакција

Министерот Дураки жали што не се изразил јасно

Редакција