еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмногу пријави до Антикорупциска комисија за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

Состојбата со корупцијата е многу сериозна и понатаму постојат ризици од корупција што веќе се нотирани во Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси, на кои укажуваат извештаите од меѓународните институции, изјави Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на прес-конференцијата денеска посветена на сработеното во 2019-2020 година, симболично, како што рече, крајот на работењето во старите простории.

Ги нагласи како ризици за корупција изразено политичко влијание, владеење односно не владеење на правото, отстсуство на казнивост, на интегритет како личен и институционален, не доволна транспарентност, како и недоречености во законската регулатива.

Правосудните органи, извршната власта, институциите кои одлучуваат во сферата на урбанизмот и општините, нагласи таа, се сектори што се перцепирани со најголем ризик на корупција, злоупотреба на службена должност и можност за судир на интереси.

– Најмногу се пријавуваат состојби за незаконско вработување, издавање разни дозволи, решенија за градење и слично, концесии, постоење судир на интереси и при донесување судски одлуки.

Најгорливиот проблем е во делот на вработување, најголем број пријави повеќе од 30 проценти се однесуваат на процесот на вработување, злоупотреба на дискреционото право на раководното лице.

За раководните лица пресуден фактор при избор на кандидатите и интервјуто, не секогаш е успехот и освоените бодови, дотолку повеќе што ниту со закон, ниту со други со подзаконски акти не е уреден начинот на водење интервју преку структурирани прашања и негова еволуација, појасни претседателката на ДКСК.

Во акцинерските друштва, подвлече таа, не се уредени никакви правила и норми за бодирање врз основа на образование, работно исксутво, други квалификации и слично.

Честа пракса, која ДКСК редовно ја потврдува, е менување на систематизациите и прилагодување кон нови работни места, што се креираат и менуваат според квалификациите и видот на образованието потребното работното искуство на соодветиот кандидат.

– Интересен момент е што во ниту еден од предметите ДКСК не наиде на искажан отпор или различен став за вработувањето од страна на членовите управните и надзорните одбори, како органи на контрола над работењето на одговорните лица. Ова укажува на фактот за поврзаност и постоење заемен интерес.

Овие вработувања во јавноста се препознаени како вработување непотизам, кронизам, клиентелизам, партиска поврзаност, што создава огромно незадовослтво кај граѓаните, чувство на нееднаквост, но и загрозеност на загарнтираното уставно право за еднакви услови и достапнсот на секое работно место, рече Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска комисија од Народна банка добила документ за вратениот аванс за кинеските вакцини

Антикорупциска комисија отвора предмети за „скалите на Шилегов“, претседателката на Судскиот совет и ја проширува истрагата за Рашковски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Компанија на Илон Маск вгради мозочен чип кај човек

Редакција

Највисок морталитет од корона вирусот во Струга, Тетово, Куманово и Скопје

Редакција

НЛБ Банка станува членка на WOBА – регионална невладина иницијатива за родова еднаквост на раководни позиции

Редакција