еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кој го „намести“ Никола Николовски, кој беше приведен, па ослободен за дојавите за бомби во скопските училишта

Активистот Никола Николовски, официјално, засега, е единственото лице кое беше приведено во врска со дојавите за бомби во скопските училишта, кои се случуваат неколку дена по ред.

По распитот тој беше пуштен на слобода, беше претресен и неговиот дом, а на крај од Јавното обвинителство информира дека тој нема никаква поврзаност со дојавите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта

Беше приведен, како што објавија повеќе медиуми, бидејќи наводно заканувачките пораки кои деновиве пристигнуваа до училиштата биле пуштени од негов мејл, во кој стоело неговото име и презиме и бил оставен неговиот телефонски број.

МВР засега не ја потврди официјално оваа информација.

Приведувањето на 23-годишниот Николовски предизвика многу реакции на социјалните мрежи и во јавноста, а една од тезите која доминира, за која нема официјална потврда е дека тој е „намесетен“, но засега без одговор од кого. Од вистинското лице/лица кои стојат зад дојавите или од некој друг.

„Фактот што некој пуштил порака од наводен е-маил на Николовски, во кој бил содржан и неговиот телефонски број е логична индиција дека некој се обидел да го намести.

Дополнително, непостоењето на форензички доказ кој упатува на него, исто така би бил логичен индикатор кој упатува на противправно дејствие сторено од некое друго лице“, напиша меѓудругото на Фејсбук, градоначалникот на скопски Аеродром, Тимчо Муцунски, а реакција имаше и од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, со која на социјалните мрежи го поврзаа Николовски, кој е активист на платформата Конзерватив.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Никола Николовски, кој беше приведен, па ослободен за дојавите за бомби во скопските училишта

Македонија не е единствената земја во која моментално има наплив на лажни дојави за бомби.

Откако почна војната во Украина, најмногу дојави во регионов има во Србија, каде истите подолг период станаа секoјдневие, но и во Хрватска, Косово и Босна и Херцеговина.

Српските власти отворија истрага, но засега утврдија само дека лажните закани стигнуваат од електронски адреси од Полска, Украина, Русија, Словенија, Нигерија, Иран, Гамбија…, што алудира на хибридни закани.

Дали и во Македонија станува збор за хибридни закани поради политички, бизнис или геостратешки причини од некоја друга држава, или зад дојавата стојат лица од земјава од други причини, треба да утврди истрагата на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои позади лажните дојави за бомби во скопските училишта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ на Конгрес ја потврди поддршката за Пендаровски за втор мандат за претседател на Македонија

Редакција

Нема новогодишна еуфорија во Струга

Редакција

Затворена групата „Јавна соба“ на Телеграм

Редакција