Поради алармантната состојба со Ковид-19 и ширење на зараза во градот, градоначалникот Аце Коцевски им порачува на Куќните совети и управители на зградите во најкраток рок да извршат дезинфекција на влезовите ходниците и другите заеднички простории во колективните станбени згради.
Тој најави дека доколку тоа не го извршат, во спротивно ќе бидат принудени да им изречат соодветни мерки за санцкионирање.
Според станарите од колективните згради во градот, досега само мал дел од станбените згради самоиницијативно од Куќните совети биле дезинфицирани.
Има примери кога поединечно самоиницијативна дезинфекција на ходниците извршиле пооделни станари во згради, а кои имале член заболен со Ковид-19 или тоа го извршиле нивни комшии исплашени од можно ширење на заразата.
Градоначалникот Коцевски, воедно најави дека Општина Велес како и досега ќе продолжи со континуирана дезинфекција на објектите кои се во сопственост на општината и јавните установи основани од општината, како и на јавно прометните површини во градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа четвторица пациенти на штипското Инфективно одделение
Кумановската болница го апаптираше одделението за психијатрија и неврологија во нов Ковид центар
22 нови случаи: Уште еден медицински работник заболен од Ковид-19 во Тиквешко
МИА/Фото: Општина Велес