Владата денеска не го продолжи рокот на пакетот мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.
Тоа значи дека стапката на ДДВ за основните производи за исхрана се враќа од нула на 5%, а се одмрзнуваат и замрзнатите трговски маржи на основни производи за исхрана.
Имајќи предвид дека трговските маржи се ослободуваат, се очекува поскапување на леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња), сончогледово масло за јадење, брашно од пченица – тип 400, шеќер бел конзумен, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо, сувомеснати производи – салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и говедско), виршли (пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив, сирење бело кравјо и сирење бело мешано кравјо и овчо, урда кравја, македонски ориз бел, јајца од кокошка и шпагети и макарони од мека и друга пченица.
Цената на горивата од вечерва на полноќ исто така се зголемува, бидејќи Владата не ја продолжи антикризната мерка за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рекордни цени на горивата: Бензините ќе се продаваат за 104 и 106,50 денари за литар
Фото: Unsplash