еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на горивата ќе се зголеми за околу 10 денари, ако Владата не ја продолжи антикризната мерка за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10% при промет на енергенси

Цената на горивата ќе се зголеми за околу 10 денари, доколку Владата не ја продолжи антикризната  мерка за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.

На прашање на еМагазин, од Макпетрол велат дека се уште компанијата нема добиено никаква информација за тоа дали оваа антикризна мерка ќе се продолжи, што во спротивно, би значело зголемување на цената над 100 денари, независно од светската цена на нафтата.

Владата кога ја донесе оваа мерка, информираше дека „со намалувањето на акцизите се заштитува куповната моќ на потрошувачите со директно влијание врз малопродажната цена на овие енергенси, и тоа за околу 1,2 денари, односно 2,3 денари, односно 4,7 денари, вклучувајќи го и ефектот од намален износ на ДДВ за износот на намалена акциза“.

Во однос на енергетската криза, од Макпетрол информираат дека за зима, неизвесно ќе биде снабдувањето со гас, а со горивата, не се очекуваат проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неизвесно каква зима не очекува на полето на енергетиката, вели Бислимоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор од 30 дена за мајката чие дете настрада во пожарот во Гостивар

Редакција

Цената на струјата нема да се менува до крајот на годинава, рано е да се предвиди што после 1 јануари, вели Бислимоски

Редакција

(Видео) Игор Џамбазов и Гуру Харе направија преработка на „Ако умрам ил загинам“ на Јонче Христовски

Редакција