еМагазин
Image default
Македонија

Џафери ја добил интерпелацијата, седницата ќе биде закажана согласно роковите и процедурите

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ја доби интерпелацијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по која тој ќе постапи согласно роковите и процедурите предвидени со Деловникот на Собранието, соопшти неговиот Кабинет.

Интерпелацијата треба да биде ставена на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако нема одговор во рокот интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието.

Во соопштението од Кабинетот се објаснува процедурата откако ќе биде доставена интерпелација до Собранието и кога треба да биде закажана седницата.

-Според Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија (член 45 став 3), интерпелацијата се поднесува до претседателот на Собранието, кој веднаш ја доставува до оној на кого му е упатена и до пратениците.

Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да достави писмен одговор на поставената интерпелација до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата.

(Член 46) Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако одговорот не се поднесе во рокот утврден во членот 46 на овој Деловник, интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието.

(Член 47) Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ поднесоа интерпелација за работата на Џафери

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател

Редакција

Детален преглед на заразени со корона вирусот во Тетово и тетовско

Редакција

Евакуирани пет училишта во Скопје по добиени закани за поставени бомби

Редакција