еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател

Првиот кандидат за претседателските избори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев со кампања на Фејсбук веќе почна да се загрева за изборната трка.

Ѓорчев, кој лидерот Христијан Мицкоски го нарече Тоти во ВМРО-ДПМНЕ по легендарниот фудбалер на Рома, објави видео на кое му оддава почит на поранешниот претседател и негов соработник Борис Трајковски.

„Борис Трајковски беше првиот претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Бев негов соработник и член на Комисијата за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ од 1997 година. Бев негов личен асистент во кампањата за претседател на изборите 1999 година. Беше голем човек и многу ја сакаше Македонија.

Благодарност за поддршката до господин Мојсеј Трајковски, братот на нашиот претседател Борис Трајковски и активист на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година. Да победиме заедно. За Македонија!“, пишува во спонзорираниот пост на Ѓорчев.

Борис Трајковски беше првиот претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Бев негов соработник и член на Комисијата за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ од 1997 година. Бев негов личен асистент во кампањата за претседател на изборите 1999 година. Беше голем човек и многу ја сакаше Македонија. Благодарност за поддршката до господин Мојсеј Трајковски, братот на нашиот претседател Борис Трајковски и активист на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година. Да победиме заедно. За Македонија! 🇲🇰

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Понеделник, 28 јануари 2019

Фото/Видео: Фејсбук/Влатко Ѓорчев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорчев ја објави претседателската кандидатура: Очекува повеќе од 500 илјади гласови

„Ѓорчев ги знае сите села, Оливер ги знае сите верски празници„: Твитер „зовре“ за претседателските кандидати

Каков имот пријавил Влатко Ѓорчев, првиот кандидат за претседател на државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум до 10% од популацијата има одреден степен на хронична бубрежна болест, контролите важни за рано откривање на болеста

Редакција

Хорор во тетовско Селце: 45-годишник ја убил сопствената мајка со секира

Редакција

НЛБ Банка оствари добивка од 11,4 милиони евра за шест месеци

Редакција