еМагазин
Image default
Македонија

Кои се членовите на Комисијата што ќе ги проценува условите за настава со физичко присуство

Владата денеска на седница назначи членови на Комисијата која ќе дава мислење дали одредено училиште според епидемиолошката состојба ги исполнува условите за настава со физичко присуство во училишните објекти односно ќе разгледува поднесени барања од општината или основачот на училиштето.

Владата ги назначи Елена Ивановска од Министерство за образование и наука, Ѓорги Тасев од Канцеларијата на Претседателот на Владата и прим. д-р Гордана Кузмановска од Министерството за здравство.

Во сите училишта кои ќе обезбедат услови за безбедно физичко присуство на учениците, наставата ќе може да почне во објектите, соопшти денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата на МОН за реализација на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и го усвои Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта.

Согласно Планот, Владата ги усвои и протоколите за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во новата учебна година, како и Алгоритам за постапување во училиштата во случај да се појави ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секое училиште што ги исполнува условите може да организира настава со физичко присуство

По 15 септември ќе се знае колку ученици ќе ја следат наставата со физичко присуство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Слави Трифонов не му се бендисаа резултатите од Пописот, оти имало само 3.504 Бугари во Македонија

Редакција

Задолжителен карантин за патниците од Велика Британија со потпишување изјава

Редакција

До сега попишани 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Редакција