еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се новите членови на Управен, Надзорен одбор и на Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера во рамки на годишното собрание покрај претседател, избра и членови на Управен и Надзорен одбор, како и членови на Советот на честа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чадиковски реизбран за претседател на Здружението на новинарите на Македонија

За членови на Управен одбор се избрани Анета Блажевска, Аслан Вишко, Сенат Зулбеари, Трајче Илиевски, Мишко Иванов, Маја Јовановска, Петар Клинчарски, Искра Опетчевска, Среќко Поповски и Ристо Тасев.

За членови на Надзорен одбор се избрани Мефаил Исмаили, Роберт Коцев, Сеад Ризвановиќ, Горан Симоновски и Миомир Серафиновиќ.

За членови на Совет на честа се избрани Саше Димовски, Огнен Јаневски, Мира Костиќ, Емилија Мисирлиевски и Игор Стефановски.

– Годишното редовно Изборно собрание беше најпосетениот новинарски настан во Македонија каде што на демократски и фер начин, новинарите и медиумските работници го искажаа своето мислење за иднината на новинарството во која ќе продолжат да се имплементираат и понатаму принципите на професионалното новинарство, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Случајот Онишченко е голем удар за кредибилитетот на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

Кичевчанецот е тестиран за мајмунски сипаници, во моментов е во изолација, вели Мехмедовиќ

Редакција

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европска интеграција

Редакција