еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се очекувањата на Стопанска банка Битола за престојниот период

Во периодот што следува се очекуваат првите знаци на економско закрепнување. Стопанска Банка АД Битола и понатаму будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамикaта на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност, информираат од Банката преку Македонската берза.

„Интензивно ќе се работи на развој и понуда на производи приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица што беа најпогодени од кризата со Ковид-19.

Како една од најзначајните стратешки определби на Банката останува континуираниот развој и усовршување на информативната технологија, како и примена на нови Business Intelligence решенија, дигитализација на продуктите и сервисите на Банката преку развој на дигитални платформи за привлекување и комуникација со клиентите, што е во согласност со стратешките цели на Банката.

На таков начин планираме да го таргетираме сегментот од населени кои поинтензивно ги користи услугите на дигиталното банкарство преку мобилните и останатите електронски уреди, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимално физичко присуство на клиентите во банките.

Активно ќе се следи постоечкото портфолио на кредити со цел да се преземат навремени мерки при детектирани тешкотии во отплатата, а заради одржување на квалитетот на кредитното портфолио. Во сила остануваат поставените стратешки и деловни цели на Банката„, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола лани со нето добивка од 81,45 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од „Алкалоид“ за 37.000 евра

Редакција

Хари Костов купи 1.700 акции од Комерцијална банка

Редакција

Во јуни Македонија ја посетиле 30,1% повеќе туристи споредено со лани

Редакција