еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се селефистите, кои регистрираа нова исламска заедница во Македонија

Благодарение на Исламската верска заедница (ИВЗ) јавноста вчера дозна дека на 20 јануари во Македонија е регистрирана нова верска заедница, наречена Исламска селефиска заедница Дар Ел Хадис со седиште во Скопје.

Од ИВЗ ја осудија регистрацијата и поднесоа жалба до Апелацискиот суд до овластено лице на новата заедница, извесен Шејх Џемаљ Јакупи.

Од таму соопштија и дека судијката која го потпишала ова решение е Сузана Дончевска од Основниот граѓански суд во Скопје.

За ИВЗ главниот проблем е во судот кој дозволил регистрација на, според нив, паралелна исламска верска заедница.

Кои се селефистите

Селефистите или вехабистите се муслимански верници кои го практикуваат исламот на поинаков начин. Припадниците на оваа верска заедница се карактеризираат по носењето долги бради и покуси панталони, а најчесто се поврзуваат со екстремизам, па и со тероризам, понекогаш и неосновано.

Иако оваа движење е присутно во неколку држави на Балканот, но и во Европа, балканските исламски верски заедници не го признаваат.

Во Македонија припадниците на оваа заедница се присутни со децении, а ИВЗ изминативе години често беше во конфликт со нив.

Оваа ултраконзервативно и реформско движење се појавило во сунитскиот ислам во втората половина на 19 век. Заговара враќање на традицијата на „побожните предци“.

Многумина на оваа движење гледаат како фундаменталистички пристап во исламот.

Тие одбиваат религиски иновации и подржуваат воведување на шаријат (исламски закон).

Движењето вообичаено е поделено во три категории: најголемата група ја сочинуваат пуристите, кои избегнуваат политика, активисти, кои се вклучуваат во политика и најмалата, но најмногу озогласена група се џихадисти.

Оваа верска секта настанала од сунитскиот ислам, чии членови тежнеат да се идентификуваат со онаа што го сметаат за карактеристика на вистински муслиман.

Најекстремните припадници на оваа секта извршија бројни терористички напади низ светот изминативе години, а во 2014 година ја прогласија т.н. Исламска држава на територијата на Сирија и Ирак, прогонувајќи ги и убивајќи ги сите кои ги сметале за “неверници“, најчесто христијани и језиди, но и муслимани, кои според нив не се однесуваат во согласност со нивното тумачење на исламот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу на возраст од 60 години и со претходни заболувања, детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

Засега без договор по која цена Бугарија ќе и продаде струја на Македонија

Редакција

На ГАК почина 33-годишна пациентка, директорката Јовановска демантира дека и се пресечени црвата, наместо папочната врвка

Редакција