еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На ГАК почина 33-годишна пациентка, директорката Јовановска демантира дека и се пресечени црвата, наместо папочната врвка

На Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, вчера починала 33-годишна пациентка.

На социјалните мрежи се споделуваа информации дека на пациентката и биле пресечени цревата, наместо папочната врвка.

Во изјава за „Слободен печат“, директорката на ГАК, Викторија Јовановска, која ја извршила операцијата, вели дека информацијата што се појави на социјалните мрежи е невистинита и оти се работи за родилка која на операција дошла поради огромен миом во мала карлица со рапиден раст во последните месеци.

– Воопшто не беше лесен случај, пациентата претходно била операрирана од пленоктомиа, односно и била извадена слезинката.

Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на Клиниката, изјави Јовановска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 156 болни од Ковид-19

Редакција

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во Центар, Кисела Вода, Штип, Велес, Прилеп…

Редакција

Одбиено барањето на Ѓоковиќ за американска виза, не може да настапи на Индијан Велс и Мајами

Редакција