еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се судиите кои ја укинаа пресудата на Мијалков за “Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување

Советот на Апелациониот суд во состав: Јани Нича, претседател на Советот и членовите: Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева и Лидија Чачева, ја укина пресудата за случајот „Таргет-Тврдина„, кој се однесува на масовното прислушување и предметот се врати на повторно постапување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Уште фали Мијалков да го вратат директор у УБК“: Твитер реакции за укинувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“

Што пишува во нивните биографии?

Според неговата биографија објавена на веб страната на Апелација, Енвер Беџети, дипломирал на Правниот факултет во Приштина во 1990 година, а правосуден испит положил во 2004 година.

Работел како секретар на Општина Боговиње, бил управител на приватна фирма, генерален секретар на Тетовскиот Универзитет, во периодот 2002-2004 година, како адвокатски приправник и како адвокат од 2005 до 2010 година.

Првпат бил избран за судија во Основен суд Скопје во 2010 година.

Во 2012 година е избран за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапувал по граѓански предмети, а сега постапува по кривични предмети и е определен да го заменува претседателот на Судот во негово отсуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Енвер Беџети, еден од судиите кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за масовното прислушување

За судијата Јани Нича, на истата страна, во неговата биографија пишува само дека во 2016 година е избран за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел и е претседател на Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Јани Нича, еден од судиите кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за масовното прислушување

Кратко инфо има и за судијката Тања Милева, која во 2017 година е избрана за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Тања Милева, една од судијките кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за „Таргет-Тврдина„

За Ѓоко Ристов, исто така само пишува дека во 2020 година е избран за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Ѓоко Ристов, еден од судиите кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за „Таргет-Тврдина„

За Лидија Чачева, пак нема никакви податоци на веб страната на Апелација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Лидија Чачева, една од судијките кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за „Таргет-Тврдина“

На кои предмети работеле

Чачева на јавноста и е позната по случајот “Ровер“, каде беше втор судија, а во кој меѓу обвинетите беше и Љубе Бошкоски.

Ристов судеше во предметите „Метастаза“, „Изгрев“, „Албатрос“, „Бумеранг“…

Нича пак во фокусот на јавноста беше откако се пожали дека обвинителката Вилма Русковска му се заканила дека: „ќе те истресам од гаќи“, откако тој на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и определи домашен притвор во случајот „Рекет“.

За Милева, телевизијата Телма објави дека е сопруга на Игор Милев, поранешен адвокат на поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, во случаите кои ги формираше Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кога со него раководеше Сашо Мијалков. Според телевизијата, Милев бил и член на СДСМ.

Таа на јавноста и е позната и по барањето за изземање за случајот „Поткуп“, во кој обвинет беше Заев, а еден од неговите адвокати беше нејзиниот сопруг.

Милева, Беџети и Ристов беа дел од кривичниот Совет на Апелација, кој лани во декември го ослободи од притвор Мијалков, откако ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра во недвижен имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Уште фали Мијалков да го вратат директор у УБК“: Твитер реакции за укинувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имунитетот на Ковид-19 по заразата може да трае подолго од осум месеци

Редакција

Премиерката Аунг Сан Су Чи го повика народот да не го прифаќа воениот удар, војската најави нови избори

Редакција

Кривична за возачот кој го возел Палевски до Турција

Редакција