еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се најуспешните Топ 5 компании, членки на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија

Денеска Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) го организираше Топ 100™ настанот на кој присуствуваа еминентни бизнис и политички личности од земјата и регионот, информираат од таму.

“Топ 100™ оваа година ги објави Топ 5 најуспешни компании, при што за Топ 5 беше прогласена компанијата Пофикс, потоа Топ 4, Даути Комерц, Топ 3, Пуцко Петрол, проследено со Топ 2, АТС Груп. Првото место за ова издание беше за компанијата Кипер.

Меѓу друго, беа доделени награди, како награда за најуспешно партнерство кое и припадна на компанијата Вардар-Доломит, награда за најдобар бизнис предводен од жена која годинава и припадна на Догаин Еир на чело со Мерита Рамадани Алими.

Доделена е и награда која СКСЗМ ја доделува за прв пат, а тоа е наградата за Еко инвестиција која и припадна на компанијата International Fresh Food. Додека наградата за најбрзо растечка компанија во последните три години ја доби компанијата Декор Текстил.

На Ердин Османи му беше доделено признание за трансформацијата на бизнисот за усогласување со новите околности создадени од Ковид -19“, велат од СКСЗМ.

Годинава Топ 100. компании од рангирањето на СКСЗМ оствариле над 920 милиони евра промет, околу 73 милиони евра нето-добивка, вработиле над 9.000 лица и инвестирале околу 75 милиони евра.

СКСЗМ веќе 11 години го организира овој настан на кој ги прогласува најуспешните компании членки.

Фото: СКСЗМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Син сам го зел телото на почината мајка од тетовската ковид-болница, случајот пријавен во полиција

Редакција

Најдобрата македонска скијачка Јана Атанасовска избришана од листата за ваучери на Скијачката федерација на Македонија

Редакција

Кој е Беким Сали од Алтернатива, можниот наследник на Венко Филипче

Редакција