Нова заменик претседателка на опозициската СДСМ е Фани Каранфилова Пановска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фани Каранфилова Пановска нова заменик претседателка на СДСМ, на местото на Сања Лукаревска
Таа беше избрана за оваа партиска функција на вчерашниот 30. Конгрес на партијата.
Каранфилова Пановска доаѓа на местото на Сања Лукаревска, која по последните парламентарни избори поднесе оставка, а сега е пратеничка на партијата.
Претходно на таа функција беше Радмила Шекеринска.
Која е Каранфилова-Пановска
Каранфилова-Пановска зад себе нема политичко искуство.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој и ја предложи за оваа функција, вчера изјави дека двајцата се познавале долго време, а на јавноста и е позната пред се како поранешен директор на Фондацијата Отворено општество Македонија.
На оваа позиција беше избрана во 2015 година и тогаш го наследи Владимир Милчин, првиот извршен директор на Фондацијата.
Повеќе не е на таа позиција.
Целата своја професионална кариера Каранфилова-Пановска ја поминала во граѓанскиот сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се новите членови на Централниот одбор на СДСМ
Фото: СДСМ