Радиостаниците на државно ниво, Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон лани заедно имале трошоци од 53,53 милиони денари, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
-Во 2020 година најмногу потрошила Канал 77 – 22,12 милиони денари.
Во споредба со минатата година, само Антена 5 ги намалила трошоците за 18,84%, додека останатите три радиостаници ги зголемиле, и тоа: Канал 77 за 9,23%, Метрополис за 17,52% и Јон за 265,14%.
Најмногу средства биле потрошени за плати за вработените (15,20 милиони денари).
За оваа намена најмногу издвоила Антена 5 – 6,86 милиони денари. Канал 77 за плати за вработените потрошила 3,52 милиони денари, Метрополис 2,75 милиони денари и Јон 2,07 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Антена 5, Канал 77, Метрополис лани со добивка, радиостаницата Јон во загуба
Сител, Канал 5, Телма и Алфа лани оствариле загуба, Алсат-М работела со добивка
24 Вести, Наша ТВ, Сонце, Шења, Клан и ТВ 21 лани работеле со загуба