еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Ристовски: Секој втор пациент кој прележал Ковид-19 се жали на срцебиење, варијации на крвниот притисокот и недостиг на воздух

Во интервју за ТВ 24, доктор Владимир Ристовски, кој работи во ковид-центарот во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, како причини за високата смртност од Ковид-19 во Македонија ги посочува организацијата на здравствениот систем, здравствената култура на граѓаните, процентот на вакцинација, задоцнетата вакцинација, претходните заболување, немањето протоколи, недостатокот на медицински кадар…

За високиот процент на заразени и починати млади во последниот бран, вели дека скоро 95% од нив кои биле хоспитализирани во оваа установа биле невакцинирани.

-Починатите пациенти најчесто имаат некој коморбидитет или зголемена телесна тежина, вели Ристовски, кој посочува и дека бројот на пост-ковид компликации е зголемен.

-Нив ќе ги поделам на два типа: минорни и мајорни. Минорните ги имаме секојдневно во нашите амбуланти: срцебиење, варијации на крвниот притисокот и недостиг на воздух. Секој втор пациент што прележал Ковид-19 се жали на тие симптоми.

Мајорните, животнозагрижувачки, се срцевиот инфаркт, чиј број е намален во однос на претходните бранови, но сепак се присутни, вели Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лично искуство со „чудноќата“ на Ковид-19: Последици по прележување замор, намалена концентрација, паѓање на коса

Од СЗО за ТВ 24 објаснуваат зошто има толку голема смртност од Ковид-19 во Македонија

Проф. Трајковски пресмета колку е реалната смртност од Ковид-19

Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

92,5% помалку заболени од сезонски грип во однос на претходната година

Редакција

ЕВН воведува мерки за заштита од ширењето на корона вирусот

Редакција

(Фото) Украинка се породи на гинекологија во Чаир

Редакција