еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

92,5% помалку заболени од сезонски грип во однос на претходната година

Министерството за здравство информира дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 539. Ова претставува 92,5% помалку во споредба со истиот период лани и 94,5% помалку во однос на типичната сезонска крива.

„Најголемиот број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (228 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

Во петтата недела од 2021 година, пријавени се 45 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи намалување во споредба со минатата сезона и со типичната сезонска крива.

Заклучно со петтата недела, вакцинирани се вкупно 39.488 лица против сезонски грип. Вакцинирани се вкупно 28.922 лица со бесплатна вакцина, додека пак 10.566 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека мерките за заштита од Ковид-19 вирусот придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спречен обид за насилен влез во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, едно лице рането

Редакција

Починаа уште 12 лица од Ковид-19, вкупно 2.522

Редакција

Почина планинарот кој падна од карпа кај Титов Врв

Редакција