еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка планира добивка пред оданочување од 32 милиони евра во 2021 година

Комерцијална банка преку Македонската берза го претстави финансискиот план за 2021 година во кој се предвидува добивката пред оданочување да изнесува 1,9 милијарди денари или околу 32 милиони евра.

Нето-приходите од камата се очекува да забележат зголемување од околу 5,3% во однос на 2020 година при планиран пораст на кредитите и депозити и намалени каматни пасивни стапки, при што нето каматната маржа ќе се одржува во распон на таргетираната нето каматна маржа.

„Останатите приходи (кои ги сочинуваат нето-приходите од надомести и провизии, нето курсни разлики, нето-приходи од работа со хартии од вредност, приходи од капитални вложувања и капитална добивка, приходите од минати години, приходите по основ на девизно работење, други и вонредни приходи) се планира да бидат помали за околу 46,7%, пред сè заради помал износ на планирани капитални добивки од продажба на преземен имот.

Во рамките на оваа позиција исто така е планирано намалување на приходите од провизии. Ова се должи на фактот дека заради ситуацијата со пандемијата со Ковид-19 голем дел од транскакциите, кои претходно се извршуваа преку шалтерите на банката, се пренасочени да се извршуваат по електронски пат.

Се очекува ваквата состојба да продолжи и во 2021 година. Останатите расходи, кои се состојат од плати и други трошоци на вработените, премии за осигурување на депозитите, материјални трошоци, службени патувања, репрезентации, реклама и пропаганда, амортизација и други расходи, се планирани со намалување од 13,2% во однос на 2020 година, главно како резултат на планиран помал износ на материјални и други трошоци и помал износ на трошоци за плати заради намален број на вработени“, соопшти Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка лани со добивка од 31 милиони евра

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 382.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави плати лани во Македонски телеком имале Зоран Китанов, Садула Дураки, Нина Ангеловска…

Редакција

Акциите на Комерцијална, Алкалоид и Макпетрол „убедливо“ најтргувани на Македонската берза

Редакција

Агенцијата за вработување вработува раководители во неколку градови, плата од 28.277 денари

Редакција