еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка во првите три месеци ја зголеми добивката за 45,1%

Во периодот од 01.01-31.03.2022 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 522,6 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 360,2 милиони денари, што претставува зголемување за 45,1%, информираат од Банката преку Македонската берза.

“Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 89%. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 1,1% поголема во однос на истиот период минатата година.

Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на приходите од редовно работење (нето-приходите од камата и нето-приходите од провизии и надомести).

Позитивниот резултат од работењето Банката го оствари во услови на се уште присутни ризици поврзани со идниот тек на пандемијата, зголемена инфлација која на почетокот од годината ги надминува проекциите, енергетска криза и воен конфликт помеѓу Русија и Украина, кои се очекува да имаат изразено неповолни ефекти врз глобалната економија.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.124 милиони денари и бележат зголемување од 6,7% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2022 година истите бележат зголемување од 9,6% во однос на истиот период од минатата година главно како резултат на зголемувањето на приходите од камата од кредити дадени на нефинансиски друштва, држава и домаќинства, како резултат на зголемено кредитирање. Планот за анализираниот период е остварен со 97,6%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2022 година изнесуваат 250,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 4%. Планот за анализираниот период е остварен со 99,4%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2022 година изнесуваат 57,3 милиони денари и бележат зголемување од 36,9%. Планот за анализираниот период е остварен со 136,4%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2022 година изнесуваат 186,9 милиони денари и бележат намалување од 0,4% во најголем дел како резултат на помалиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот, додека приходите од наплатените претходно отпишани побарувања се зголемени. Планот е остварен со 66,1%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2022 година изнесуваат 471,5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 15,6% како резултат на зголемен износ на плати и други трошоци на вработените поради зголемување на вредноста на бодот за 5% од почетокот на годината, зголемена амортизација, премии за осигурување на депозитите и донации во спортот по принцип на ваучери и др. Планот е остварен со 100,6%.

Во периодот од 01.01-31.03.2022 година Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 1,1 милион денари.

Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 128,8 милиони денари, наспроти 283,7 милиони денари во истиот период минатата година.

Вкупната актива на Банката на 31.03.2022 година достигна износ од 147.444,2 милиони денари и во однос на декември 2021 година бележи намалување од 0,7%. Намалувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на намалувањето на паричните средства. Планот е остварен со 98,5%.

Паричните средства и паричните еквиваленти бележат намалување од 9,6%, главно заради намалената состојба на пласираните депозити преку ноќ во НБРСМ. Планот е остварен со 89,6%.

Средствата за тргување бележат намалување за 4,6% по основ на усогласување на пазарната вредност на акциите и како резултат на поголем износ на продадени од купени акции во извештајниот период.

Финансиски средства по објективна вредност преку билансот на успех определени како такви при почетното признавање во износ од 351,5 милиони денари се состојат од вложувања во удели во инвестициски фондови. Кредитите на и побарувањата од банки бележат зголемување од 12%, кое се должи главно на одобрени кредити за ликвидност на домашни банки. Планот е исполнет со 111,5%.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти бележат зголемување од 5,4% како резултат на зголемено кредитирање на секторите нефинансиски друштва и домаќинства. Планот е остварен со 104,6%.

Вложувањата во хартии од вредност се зголемени за 3,7% главно како резултат на запишани државни записи во денари и со валутна клаузула, како и македонски еврообврзници. Планот е остварен со 103,0%.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 2,9% и имаат минимално учество во вкупната актива.

Обврските по кредити достигнаа износ од 689,9 милиони денари и се намалени во однос на декември 2021 година за 3,3%, како резултат на нето ефектот од нови повлекувања и отплатени доспеани рати од кредитните линии. Планот е остварен со 97,8%.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката со состојба 31.03.2022 година достигнаа износ од 13.945,0 милиони денари и во нивната структура пораст од 7,3% бележат останатите резерви, додека задржаната добивка е намалена, согласно одлука за распределба на добивката за 2021 година, донесена од собранието на акционери на 30.03.2022 година. Планот е реализиран со 105,3%“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој има најмногу акции во Комерцијална банка

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 620 денари за една акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На компаниите треба да им се утврдат правилата на игра, но и да им се дозволи слобода во регулирањето на нивното работење, вели Азески

Редакција

Чифлиганец го отвори прашањето: Вучиќ нареди во најбрз можен рок да се потпише договор со кој на македонските и на српските граѓани ќе им се овозможи да купуваат недвижен имот во двете земји

Редакција

ЈП Водовод и канализација склучи договор со „Енерџи активе„ вреден 7,2 милиони евра

Редакција