Комисијата за заразни болести препорача укинување на ковид-сертификатите за влез во моловите.
„Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестриктивните мерки, но ќе бидеме многу внимателни во следниот период, бидејќи не сакаме да постигнеме негативен ефект.
Размислуваме и разговараме како полесно да стигнеме до целосно олеснување на рестриктивните мерки,“ рече денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
Мерката нема да важи за влез во угостителските објекти, велат од Комисијата, додавајќи дека мерките ќе се укинуваат постепено со цел да не се влоши епидемиолошката состојба.
Фото: Ист гејт мол
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.