еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дисциплинската комисија при Обвинителство бара разрешување на Вилма Русковска

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство (ЈОРСМ) утврди дека поранешната основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители, информираат од Обвинителството.

-По спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот на обвинителот-известител Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при ЈОРСМ, донесе решение со кое за поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители, велат од Обвинителството.

Заменичката на Русковска, обвинителката Ивана Трајчева е казнета со парична казна.

– За една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за утврдена тешка дисциплинска повреда е изречена дисциплинска мерка – намалување на месечна плата во висина од 30% од исплатената нето плата во траење од 6 месеци, велат од таму.

Обвинителката  Елизабета Јосифоска е ослободена.

– За една јавна обвинителка Комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, велат од таму.

Против Решението на Комисијата, незадоволните страни имаат право на жалба пред Советот на јавните обвинители.​

Во март годинава, обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифоска, беа сослушани во рамки на дисциплинската постапка поведена против нив, а поврзана со претресот во Управата за финансиска полиција.

Русковска беше суспендирана, а паралелно против трите обвинителки се води и истрага по кривичната пријава на поранешниот директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Предлогот да се поведе дисциплинска постапка го даде републичкиот обвинител Љубомир Јовески, кој дополнително ја суспендира Русковска и од работа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар склучи договор со ЕСМ Продажба вреден 868,6 илјади евра

Редакција

Голден Арт за 5,8 милиони евра ја купува управната зграда на Раде Кончар – Заеднички дејности

Редакција

Како гувернерката Ангеловска-Бежоска го пробиваше својот пат до успешна жена

Редакција