Грција има многу случаи на делта сој на Ковид-19 и треба да заземеме поорганизиран пристап со колегите од регионот, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Во однос на делта сојот ќе разговарам со колегите министри од регионот за да замеме заеднички став,“ рече Филипче во одговор на новинарско прашање во врска со планот да се воведат рестриктивни мерки на границите за патниците.
Тој рече дека се планира нов состанок на Комисијата за заразни болести во однос на рестрикциите на границите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини
Четврт случај на делта сој во Македонија, за четворица се чекаат резултати
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.