еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за заразни болести предлага 14 – дневна самоизолација за патниците од Велика Британија

Министерството за здравство соопшти дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.

Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава, како што информираат од Министерството за здравство, ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на коронавирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна.

Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава, истакнуваат од Министерството за здравство и апелираат до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се зголемува бројот на активни случаи на Ковид-19 во скопските општини Центар и Карпош

Редакција

(ВИДЕО) Од магацин во скопски Бутел полицијата заплени 1.240 килограми марихуана

Редакција

Советникот на Стејт департмент, Дерек Шоле доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата

Редакција