еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Компанијата „Сити плаза“ официјално го презеде “Рамстор Македонија”, ќе инвестира над 105 милиони евра

Македонската компанија „Сити плаза“, новиот сопственик на “Рамстор Македонија” во чиј состав влегуваат шопинг центарот „Рамстор мол“, како и синџирот маркети „Рамстор“, во следните пет години ќе инвестира повеќе од 105 милиони евра во проширувањето и развојот на оваа компанија.

Менаџерскиот тим на „Сити плаза“ денеска пред бројни претставници на државниот врв, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени и медиуми, ја претстави инвестициска програма за „Рамстор Македонија“ за периодот од 2021 до 2025 година, при што и свечено ја презеде компанијата под свое раководство.

На свечениот настан за преземање на „Рамстор Македонија“, компанијата „Сити плаза“ го презентираше и новото стратешко партнерство со холдингот „Мигрос“ од Република Турција.

Оваа соработка подразбира заеднички вложувања во делот на обезбедување и франшиза на трговската марка „М“ за балканскиот регион, што ќе овозможи пристап и до други странски пазари, на кои покрај „Рамстор“ ќе се вклучат и други македонски и турски производители.

Со планираните вложувања, во следните пет години „Сити плаза” ќе го зголеми капацитетот на трговскиот центар „Рамстор мол“ во Скопје и ќе изгради подземна гаража за овој објект, ќе ја прошири продажната мрежа на „Рамстор“ маркетите за 18 нови супермаркети, како и ќе изгради три „Рамстор Retail парк” на локации низ земјава каде што „Рамстор“ во моментов не е присутен.

Дополнително, инвестицискиот план предвидува изградба и модернизација на логистички центар „Рамсторе“ на површина од над 25 илјади м2, изградба на нов административно-деловен простор, инвестиции во погон за преработка и пакување на прехранбени производи, како и изградба на фотонапонска централа од 5 мегавати во Кочанско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е бизнисменот Ајдован Адемоски: Од „Стоун бриџ хотел“ до империја која го купува „Рамстор“

Со преземањето на „Рамстор Македонија“, како што истакна Ајдован Адемоски, сопственик на „Сити плаза“, компанијата ќе ги задржи сите вработени, а со новите инвестиции ќе се отворат и дополнитени 700 работни места во сите сектори од работењето на друштвото. Вкупната вредност на планираните инвестиции ќе изнесува 105,2 милиони евра.

– Од неодамна, „Сити плаза“ донесе деловна одлука каде во својство на целосен сопственик ја презема сопственоста на Рамстор Македонија и планира да го продолжи своето искуство и знаење во понатамошен развој и прилагодување на новите стандарди во вршење трговија ио трговска размена, како во државата, така и надвор, во Турција, Бугарија, Србија и Косово, рече Адемоски на денешниот настан.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање рече дека во време кога компаниите кај нас и секаде во светот се соочуваат со огромни предизвици заради пандемијата од Ковид-19 и поради тоа ги намалуваат трошоците и бројот на вработени, вистинска реткост е влегување во нови инвестиции и најава за нови вработувања.

Еден од ретките такви примери кај нас, додаде Заев, е планот на „Сити плаза“, на бизнисменот Ајдован Адемоски по преземањето на ТЦ „Рамстор“ и истоимениот синџир маркети.

– Во оваа прилика да ја истакнам улогата на граѓаните од турската заедница за нашата земја како силна алатка на поврзување на традиционално исклучително доброто пријателство и одлична соработка меѓу Северна Македонија и Турција.

Нашите две земји континуирано вложуваат во развојот на билатералните односи и пријателства и претставуваат пример за тоа како треба да се соработува во регионот и пошироко.

Најдобра илустрација е присуството на голем број странски инвестиции во земјата од Турција, тоа е најголем странски инвеститор во Северна Македонија од земјите надвор од ЕУ, рече Заев.

Додаде дека само оваа година интерес за вложување во секундарната гасификација на нашата земја изразија две големи турски компании и влегоа во завршна фаза од конкурентниот дијалог за воспоставување јавно приватно партнерство во овој проект вреден 300 милиони евра.

– Две турски компании конкурираат во Чебрен, повеќе турски компании за изградба на железниците, две компании за сто мегавати во Осломеј се само од Турција, повеќе турски компании за гринфилд инвестиции во нашите зони, заклучи Заев.

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок истакна дека новите подвизи кои ќе ги реализира „Рамстор“ несомнено ќе дадат фидбек на економските односи на Турција и Македонија.

МИА/Фото: Рамстор Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 37 заболени од Ковид-19 од 484 тестирања, во Скопје деветмина

Редакција

Во медиумите лани работеле вкупно 2.601 лице, од нив 814 во МРТ

Редакција

Оилко со добивка во првите шест месеци

Редакција