еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Компаниите кои се пријавени непречено добиваат субвенционирана струја, велат од ЕСМ Продажба

Процесот за снабдување со поевтина електрична енергија за клучните субјекти по одлуката на Владата тече непречено и без никаков застој, и сите пријавени кои исполнуваат услови ќе добијат електрична енергија од ЕСМ Продажба од 1 декември.

„ЕСМ Продажба ги отфрла неоснованите изјави од страна на одредени претставници од стопански асоцијации во кои без аргументи и надвор од вистината се критикува процесот и се изнесуваат паушални оценки дека истиот е запрен, како и критики за службите кои истиот го спроведуваат.

Сите лица кои се заинтересирани ги повикуваме да се обратат до ЕСМ Продажба за информација како тече процесот и постапката, пред да даваат јавни изјави.

Исто така, апелираме на одговорност кај медиумите, односно согласно правилата за известување, да побараат податок и од ЕСМ Продажба, пред да пренесуваат во јавноста критички ставови на лица кои не поседуваат податоци за вистинската состојба,“ се вели во соопштението.

Субвенционираното снабдување со електрична енергија за училиштата, прехранбената индустрија и водостопанствата е ново задолжение дадено на АД ЕСМ од страна на Владата.

„При секое ново задолжение кое не било дел од тековното работење на Друштвото, потребно е време за воспоставување на системот и процедурите за негово спроведување, набавка и инсталирање на софтвер, обезбедување соодветни ресурси за физичко и правно процесирање на договорите и комуникација со субјектите кои се од цела држава и од различни категории на дејност.

Во интерес на вистината, информираме дека ЕВН Електродистрибуција континуирано ги обработува пријавените броила и за истото го известува ЕСМ Продажба, по што директно се контактираат правните субјекти и се информираат дека договорот за снабдување од 1.12.2022 година им е важечки и дека ќе им биде испратен заверен од страна на снабдувачот.

Од 1.820 броила за сите пријавени субјекти, Дистрибуција во рок од три дена, до овој момент, верификува снабдување за повеќе од 1.000 броила и процесот на проверка на останатите продолжува.

Субјектите кои имаа пријави со некомплетна документација се упатени од страна на ЕСМ Продажба да ги добават документите кои недостигаат, со точни инструкции и понудена асистенција. Утврдени се само околу 20 такви случаи, кои по извршено комплетирање на документите ќе бидат вклучени на поевтино снабдување од 1.1.2023 гофина,“ се додава во соопштението.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден сè уште е во бегство: Четворица обвинети за загрозување на сигурноста на 11 полицајци за пукањето во хотелот „Александар палас“

Редакција

Македонија и Грција заеднички спасуваат ретки византиски фрески од 12 век

Редакција

Битолски Фустеларко Борец ќе дели дивиденда од 150 денари бруто по акција

Редакција