еМагазин
Image default
Забава

Концерт на Ерос Рамацоти на 30 септември следната година во Скопје

Во рамките на својата светска турнеја, која почнува на 17 февруари 2019 година, каде го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’“ (којшто излегува на 23 ноември), а која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, Ерос Рамацоти ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година, информираат од Аволон продукција.

„Tој доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција (звук, светло и видео) и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Eros доживување, покажано и докажано низ годиниве од негова страна како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

Концертот на Еros Ramazzotti во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Sting, ако се земе во предвид капацитетот на салата.

Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Еros Ramazzotti во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври„, велат од Аволон.

Влезниците за концертот на Еros Ramazzotti, ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет систем на Авалон Продукција, кој го има на avalon.mk, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена утревечер со останатите информации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Звукот на Скопје“: Констракта прекрасна

Редакција

„Сетстат“ во проширен состав – оркестар ќе настапат вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Редакција

Српскиот актер Биковиќ исклучен од снимањето на серијата „Белиот лотус“ – „обвинет“ дека е на руска страна во војната со Украина

Редакција