еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Корона кризата лани го зголеми бројот на домашни туристи во Маврово за шест, а во Берово за 29 проценти

Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети, информираше премиерот Зоран Заев.

Ова е раст од шест проценти за домашните туристи и од девет проценти за ноќевања, во споредба со 2019 година.

Во Берово, има покачување од 29 проценти на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37 проценти во однос на истиот период 2019 година.

„Отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможи поголем број на украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот благодарение и на зелените коридори кои Северна Македонија ги воспостави со соседните Србија и Албанија,“ напиша Заев на неговиот фејсбук-профил.

Фото: емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Манифест на секојдневниот херој“ – најновото од Робин Шарма во издание на ТРИ!

Редакција

„еМагазин“ избран да биде дел од новоформираниот Клуб за ментална хигиена

Редакција

(Видео) Успешна операција на една од најкомплексните аномалии на срцето кај бебе од домашниот тим предводен од Академик д-р Жан Митрев

Редакција