еМагазин
Image default
Македонија

Корона вирусот се врати во Дебар, нов случај по педесетина дена

По педесетина дена, во Дебар денеска е потврден нов случај на заразен со Ковид-19.

Според директорот на Општата болница во Дебар, Баки Халили, станува збор за жена од селото Долно Косоврасти, која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот.

-Во средата вечерта блиски на пациентката се јавиле во итната помош, која веднаш заминала и пацеинтката беше донесена во Општата болница во Дебар, со висока телесна температура.

Во консултација, ние лекарите одлучивме да ја препратиме во клиниките во Скопје. По земениот бис потврдено е дека е заразена е од Ковид-19, изјави за МИА директорот Халили.

Додава дека во текот на денов епидемиолошката служба при Работната единица на Центарот за јавно здравје земале девет брисеви на најблиските на пациентката.

Во тек е и анкета каде се движела пацинетката и со кого имала контакти по што ќе се земаат и брисеви на други лица, а ќе се знае и од каде таа се заразила.

Ова е 52-ри случај на Ковид-19 во Дебар. Од претходните 51 лице, 47 се излекувани, додека четворица починаа.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 150 позитивни случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие

Осум нови заразени од корона вирусот во гостиварско

Бугарија воведе задолжителен карантин од 14 дена при влез на македонски граѓани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР регистрира 501 прекршок за неносење маски

Редакција

До 5 јули припадници на Армијата и МВР ќе бидат ангажирани во затворот Идризово

Редакција

Во полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ приведени 21 лице, запленети дрога, пари, автомобили…

Редакција