еМагазин
Image default
Локално

Косовец приведен од полицијата по пријава од сопругата за закани по живот

Семејни недоразбирања се причини вчера тетовската полиција да интервенира во едно тетовско село и  да приведе лице од Косово. Прво пријава во полицијата стигнала од сопругата на Косовецот, која дошла во родното место заедно со децата.

„Вчеравечер (15 октомври) во 20 часот и 30 минути, 26-годишна жителка на тетовско село во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот 26-годишен сопруг А.А. од Република Косово со уште три негови роднини, дошле во куќата на татко и, каде што престојувала.

Притоа А.А. и се заканил по животот, а имал намера, според пријавеното, да ги земе со себе и нивните две малолетни деца, зашто тие биле во бракоразводна постапка. Пријавениот Косовец е лишен од слобода и задржан во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Во полицијата се јавил и таткото на Косовецот, кој пријавил дека роднини на снаата им ги оштетиле двете возила со кои биле дојдени во тетовско село.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Долно Блаце уапсен Србин баран од Интерпол

Редакција

(Видео) Невреме во Штип поплави улици и црква

Редакција

Триесет години љубов во една фотографија од Зоолошката градина во Скопје

Редакција