Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Прага ја поднесе апликацијата на Косово за членство во Европската унија и изрази надеж дека за девет години државата ќе влезе во ЕУ.
„Сакаме да се доближиме до членството преку трансформација со постигнување напредок во економијата и сите потребни реформи, изјави Курти на прес-конференција со чешкиот министер за европски прашања Микулаш Бек.
Курти рече дека Косово аплицира за членство, „решено да ги сподели европските вредности како што се слободата, демократијата, човековите права и владеењето на правото“.
-Просечното чекање беше девет години. Реално е Косово да го достигне тој просек, рече Курти.
Чешкиот министер Бек рече дека барањето на Косово за членство исполнува еден од приоритетите на чешката надворешна и европска политика за проширување на ЕУ во земјите од Западен Балкан.
МИА/Фото: Курти/Фејсбук